Едуцирана локална власт - заштитен екосистем

Едуцирана локална власт - заштитен екосистем

ЗА ПРОЕКТОТ

ИДЕЈА ЗА ПРОЕКТОТ

Лицата вработени во општините имаат работна задача да изработат правилна, точна, навремена тендерска документација за набавка на услуга за превентивна дезинсекција за заштита на населението од вектор преносливи болести како една од општите мерки за спречување и ставање под контрола на заразните болести (Регулирано со Закон за здравствена заштита на населението од заразни болести Сл.весник
на Р.М бр.66/04, 139/08 и 99/09). Со следење на тендерските постапки забележуваме помали или поголеми пропусти од страна на локалните заедници, а тоа има негативна имликација и врз векторите и врз животната средина и од таму произлегува нашата цел да им дадеме насоки како правилно да ја изведат дезинсекцијата, да ги едуцираме во изборот на биоцидите за да се намали влијанието врз животната средина, а со тоа и да имаат подобри резултати по третманите.

Да им дадеме насоки како да ги следат листите на регистрирани одобрени пестициди кои ги објавува Европската комисија и истите ги ажурира. Да се одберат биоциди кои имаат најмала импликација врз животната средина, биодиверзитетот и здравјето на населението. Во изборот да дава предност секогаш на биолошките препарати, како општина да придонесат да се намалат живеалиштата на комарците, крлежите и да спроведуваат кампања за подигнување на еко-свест кај населението. Да ги запознаеме како соседните земји и пошироко земјите од ЕУ ги реализираат истите, кои методи се користат кај нив, кои се иновативни методи. Секогаш да ги следат препораките од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) и Светската здравствена организација (СЗО). Да бидеме во чекор со европските земји и пошироко.

ПРИОРИТЕТНИ ЦЕЛИ

  • Обучени клучни лица кои спроведуваат набавки на услуги за дезинсекција.
  • Едуцирани лица како правилно да изберат биоцид и да се намали нивниот импакт врз екосистемот и биодиверзитетот.
  • Продуцирање на кадар кој ќе биде едуциран правилно да ја бара динамиката на контролата на векторите во тендерските постапки

Споредни Цели

  • Спречување развој на резистентност на векторите (комарци,крлежи) кон биоцидите
  • Мониторирање на инвазивни комарци со употреба на бесплатната мобилна апликација MosquitoAlert
  • Планирање надзор при спроведување на контролата на векторите

ОДРЖЛИВОСТ НА ПРОЕКТОТ

Проектот беше дисеминиран преку социјалните мрежи, медиумите, беа креирани флаери , споделени беа презентациите со присутните итн.

РЕЗУЛТАТИ

  • Заинтересираните лица од локалната самоуправа ќе се стекнат со нови знаења за значењето на правилно изготвената тендерска документација за дезинсекција.
  • Зајакнување на регионалната соработка
  • Одржливост преку едукативните предавања-презентации , едукативниот материјал
  • Поттикнување интерактиво учество на присутните, развивање дискусии и согледување на постоечките проблеми и нивно решавање
  • Втемелување на знаењата од усните предавања преку практична работа, и допринесување кон заштитен екосистем
Scroll to Top