ВЕКТОР ИНФО

ЗА НАС
Почетоците на организирана превентивна здравствена заштита во градот се од дваесетите години од минатиот век. Целокупната дејност за одржување на физичкото здравје на населението ја вршел Хигиенскиот завод кој почнал да работи во 1925 година.
Во 1934 година е отворена станицата за заштита од маларија и ерадикација на пегав тифус во населбата Чаир во Скопје. Денес во тој објект е сместена службата за дезинфекција, дезинсекција, дератизација и фумигација што работи во состав на Центарот.
Во 1951 година е формиран Завод за здравствена заштита во кој функционирале здравствено превентивните служби.
Во 1970 година е интегриран во Здравствен Дом на град Скопје, а од средината на осумдесетите во состав на оозт Заводи за превентивна медицина.
Со Законот за здравствена заштита донесен 1991 година оваа установа го доби името Завод за здравствена заштита Скопје а од 1994 година се одвоил од Здравствен Дом- Скопје и функционира како самостојна Јавна Здравствена Установа- Завод за задравствена Заштита -Скопје ,со сегашните дејности , одделенија и организациона поставеност.
Започнал да се гради 1925, а пуштен во употреба 1934 како станица за заштита од маларија и ерадикација на пегав тифус. Вработените лица од тогашната станица активно учествувале во ерадикацијата.
Ентомолошки истражувања се спроведувале до осумдесетите години од минатиот век.
Истражувањата ги спроведувале 1924 – Karaman, 1942 – Weyer, 1980/1983 – Adamovic.
Во 2010 година по пауза од три децении, со финансии на СЗО се поставени ловилки за инавизни видови во Македонија од страна на македонско еколошко друштво.
Тимот во ЦЈЗ креира планови и програми за развој и за воведување на мониторинг на комарците и надзор на инвазивните видови, од кога и започнува едукацијата на ентомолошкиот тим раководен од Николина Соколовска.
Во 2014г. воведен мониторинг во Скопје, започнати интензивни континуирани едукации:
ФЗНХ-Институт Фитомедицина, Универзитет Св.Кирил и Методиј;
Пољопривредни Факултет- Институт Фитомедицина,Универзитет Нови Сад;
Факултет за наука – Институт Биологија,
Универзитет Хачетепе, Анкара
Национален инситут за истражување- Монпеље, Франција
Медицински Факултет-Валенсија, Шпанија
Мониторингот го воведува МСц. Николина Соколовска
Во 2014 г. е уловен и потврден нов вид на комарец (Coquillettidia buxtoni) со мониторингот на комарците спроведен во Скопје
Во 2016г. од страна на тимот раководен од МСц. Николина Соколовска е уловен и потврден за првпат инвазивен вид на комарец Азиски Тигрест комарец (Ae.albopictus) во РСМ.