ERASMUS+ / Комарци, Векторски предизвик по јавното здравје во РСМ и пошироко
ERASMUS+ / Комарци, Векторски предизвик по јавното здравје во РСМ и пошироко



ЗА ПРОЕКТОТ
ИДЕЈА ЗА ПРОЕКТОТ
Република Северна Македонија со глобалното затоплување и климатските промени, со својата географска положба, умерената клима, урбанизација, демографска структура, социо-економска положба, трговија се соочува со опасноста на евентуална појава на тропски и субтропски болести (вирусот на западен Нил-WNV), Denga, Chikungunya, Источно коњски енцефалитис, жолта треска, вирусот ,,Cache Velley “(CVV), ,,La Crosse” Encephalitis (LACV), Жолта Треска (Yellow fever) и др.,како и појава на болести кои се веќе ерадицирани во Република Северна Македонија ( Маларија), а кои се пренесуваат преку вектори (комарци). Се до 1973 год. Македонија била позната како хиперендемско подрачје за маларија.Во 1946 год. Во Р.Северна Македонија бројот на заболени бил околу 600.000 лица (повеќе од половина население). Движењето на маларијата во Скопје, освен варирањето од година во година покажувало и поголеми бранови на разгорување на епидемиите, со кулминација особено во 1937, 1939, 1942, 1944 и 1946, при што бројот на заболени во назначените години се движел околу 10-11.000 заболени лица или околу 20% од вкупниот број на население во тој период.Во текот на 2011, 2012, 2019, 2022 год., на територија на РС Македонија регистрирани и лабораториски потврдени се неколку случаеви на Западно Нилска треска. Ентомолошки испитувања биле извршени во Македонија, а во согласност со критериумите како што ги предвидела Светската здравствена организација(СЗО), во периодот 1960-1971год. Анализите од мониторингот на комарците од 2010год.во РС.Македонија, покажаа дека се јавуваат 51 вид на комарци од фамилијата Culicidae.
Во 2014г. докажан е нов вид (Coqillettidia buxtoni). Во 2016 г. се направени ентомолошки истражувања во јужниот и југоисточниот регион на Македонија со кои се докажа присуство на Азиски тигрест комарец (Aedes albopictus). Веќе во 2017 г.тој е раширен во Дојран, Скопје (централно градско подрачје, Ќерамидница).Со ова докажување сега квалитативниот состав на комарците во РС Македонија се зголемува за уште два вида. Во 2019г., при извршениот мониторинг на територија на Град Скопје се забележа значително проширување на инвазивниот вид Aedes albopictus.
Ваквите промени во видовиот состав на комарците се докажуваат со континуирано нивно мониторирање. Кога имаме резултати од научни истражувања тогаш се пристапува кон организирање на план и методи за нивно сузбивање. Тие не може целосно да се уништат, треба само да се намали нивната бројност до праг на толеранција. За да имаме успех потребно е организираме размена на добри практики со партнерите, да потикнеме и насочиме кон еколошко размислување и масовна едукација на населението, лицата вработени во локалната самоуправа, иницирање на донесување Национален План за контрола на вектори и вектор преносливи заболувања од страна на Централната Власт. Да се настојува нивно следење преку електронски уреди, инсталиран GPRS. Сето ова е планирано да се реализира со нашиот проект.
Целите на нашиот проект е да се унапреди контролата на комарците.
ПРИОРИТЕТНИ ЦЕЛИ
- Приоритетна цел што сакаме да ја постигнеме со проектот е да го истакнеме значењето на ентомолошките истражувања на комарците, дека тие податоци се основа за креирање стратегија за нивна контрола. Со глобалното затоплување, брзата убанизација, миграција, размена на стоки итн. се предизвик по здравјето на населението во пренос на патогени. Исто така ја истакнуваме потребата да се едуцира стручен кадар за спроведување на тестирање на резистентност на комарците кон инсектицидите, да иницираме поддршка од Општините и Министерството за здравство да се воведе како програмска работна задача. Да се запознаеме со новите методи во контрола на комарците, да се информираме како го спроведуваат соседните земји надзорот на вирусот Западен Нил кај комарците, како да се справиме со поплавните комарци при елементарни непогоди. Сите овие цели ќе се рализираат во соработка со партнерите преку нивни презентации и посета на нивните лаборатории.
Споредни Цели
- Споредни цели ќе ни бидат едукација на граѓаните подобро да го разберат животниот циклус на комарците (нема вода-нема комарци) и улогата на населението во борбата со комарците. Да им ја пренесеме потребата од нивно вклучување во Граѓанската Наука (Citizen Science). Масовност на употреба на апликацијата MosquitoAlert. За да ја постигнеме таа цел ни помагаат учениците од средното медицинско училиште д-р Панче Караѓозов, кои претходно ги поминаа обуките од страна на координаторот на проектот од ЦЈЗ Скопје и координаторот од училиштето професорката по биологија. Да го објасниме значењето на надзорот и мониторингот на нативните и инвазивните комарци на лицата вработени во таргет институции. Да ја истакнеме потребата да се едуцираат стручни лица и да има поголеми тимови за на терен. Ќе се стави акцент на контролата на комарците, правилен избор и употреба на биоцидите, и нивното влијание кон животната средина и човечкото здравје. Да се укине авиодезинсекција над населено место. Правилно да се избере апаратурата за дезинсекција и потребата за укинување на авиодезинсекција над населено место. Да се грижиме за околината и да го унапредуваме здравјето на луѓето и животните и иницирање да се креира пристап ,, Едно здравје”.
ОДРЖЛИВОСТ НА ПРОЕКТОТ
Ќе имаме визија , ќе развиваме еколошки идеи, ќе создаваме и имплемнтираме протоколи за работа, ќе ги промовираме истите преку медиуми, реклами, флаери, брошури, телефонски апликации, интернет реклами , за да се омасови информираноста и да чекориме паралелно со земјите партнери , но и со останатите земји. Со планираните посети на лабораториите на земјите партнери ќе се стекнеме со знаење и ќе имплементираме нов начин во мониторирањето на успешноста во контролата на комарците. Преку активностите од проектот на учениците од средномедицинското училиште, ќе им се овозможи одблизу да се запознаат со животниот циклус на комарците, заштитата од нив, кои се интегралните мерки за нивна контрола, да ги мотивираме, да им ја разгориме љубовта кон природните науки и можеби некои од нив би се едуцирале во идни медицински ентомолози, молекуларни биолози, епидемиолози кои би придонеле во зголемување на тимовите.
Преку едукација од најмала возраст, преку предучилишните установи ќе создаваме идни генерации со поразвиена свест за здрава животна средина и заштита од комарците
АКТивности
- Одржани неколку состаноци помеѓу координаторот и тимот за координација на активностите
- Управување со човечки и финансиски ресурси.
- Обезбедени насоки, конципиранoст и почеток на имплементирање на целите од проектот
- Oрганизирани состаноци за координација на меѓународните партнери преку платформата ZOOM и подготовка на извештаи за состаноци и други релевантни документи и размена на искуства и идеи.
- Изработка на едукативен материјал, упатства, прирачници, флаери, видео материјал.
- Реализирани неколку дневни обуки на учениците од ДСМУЦ д-р Панче Караѓозов за едукација на населението како да се заштитат од комарците и нивната улога во интегрираните мерки за борба против комарците низ населените места Аеродром, Лисиче, Илинден, Петровец, Шуто Оризаре, Ѓорче Петров, Волково. (door to door)
- Учениците спроведоа едукација на населението како да се заштитат од комарците во месец Септември и Октомври 2022.
- Промоција на мобилната апликација MosquitoAlert.
- Организирана Меѓународна Конференција ,, Комарците-векторски предизвик по јавното здравје во РС Македонија и пошироко” одржана во Скопје 24-28.01.2023 хотел Мериот.
- Спроведено тестирање на знаење на присутните целни групи на Конференцијата.
- Учениците спроведоа едукација на населението во месец Март и Април 2023.
- Посета на партнерот од Италија-Универзитетот Сапиенца за размена на практики за тестирање на отпорност на комарците кон инсектицидите.
- Набавка на ловилки и китови за пионерско тестирање на отпорноста на комарците во РС Македонија од страна на координаторот на проектот ЈЗУ Центар за јавно здравје-Скопје, Одделение за Дезинфекција, Дезинсекција и Дератизација.
- Посета на партнерот од Грција- Фитопатолошки Институт Бенаки за размена на добри практики во контролата на комарците (конвенционални и нови методи)
- Поставување на GPRS уреди на возилата на кои се монтирани уредите за ULV замаглување во сопственост на ЈЗУ ЦЈЗ-Скопје.
- Завршен состанок на партнерите и дискусија околу постигнатите резултати од спроведениот проект.
- Извештај

ПАРТНЕРИ







ЗАДАЧИ НА ПАРТНЕРИТЕ
- Партнерите од Универзитетот во Сапиенца, Италија имаат задача да ги обучат учесниците во проектот на постапката за тестирање на отпорност кај комарците кон инсектицидите. Тие имаат долгогодишно искуство во областа. имаат воведено напредни технологии во истражувањето на комарците и нивната контрола, следење на нивниот состав и распространување. Успешно имаат сработено национални и меѓународни проекти. Посветено и професионално работат во генетска детерминација на комарците, тестирање на резистентност на комарците кон инсектицидите. Активни се во медиумите во едукација на населението во делот на заштитата и правилно користење на средствата. Имаат долгорочна стратегија во едуцирање на млади кадри кои ќе го зголемат тимот на работа и ќе ги продолжат заедничките активности на терен и во лабораторија
- Партнерите од Институт за фитопатологија Бенаки имаат задача да гизапознаат учесниците во проектот за нови методи во контрола на комарците.Тие имаа долгогодишно искуство во употребата на пестицидите. Тие многу добро ги разбираат последиците од неправилен избор и дозирање на истите при контрола на вектори и штетници. Комарците како вектори успешно ги контролираат со напредни технологии. Посветеноста во работата им овозможува големо искуство со национални и европски проекти и инвестирање во истражувањето во контролата на комарците и заштита на здравјето на населението и заштита на животната средина. БПИ координираше и активно учествуваше во успешното спроведување на разни проекти за истражување и развој финансирани од ЕУ, меѓу кои и во следново LIFE проекти LIFE CONOPS (LIFE12 ENV/GR/000466), LIFE+ Biodelear (LIFE13 ENV/GR/000414), LIFE EcoPest (LIFE07 ENV/GR/000266), LIFE SAGE 10 (LIFE09 ENV/GR/000302), LIFE HYDROSENSE (LIFE08
- Партнерите од Универзитетот Осијек имаат задача да го пренесет искуството во контролата на поплавните комарци.
- Учениците од Средното медицинско училиште Др. Панче Караѓозов Скопје, ќе бидат обучени за да помогнат во едукација на населението од врата на врата.Училиштето произведува средномедицински кадар.Од нив се образуваат идните микробиолози, епидемиолози и инфектолози кои се значаен дел од тимот во надзорот на заразните болести заедно со ентомолозите.Нивното средно образование е основа за да порано започнат да ги прошируваатсвоите знаења за векторите и нивната значајна улога за јавното здравје
- Гостите од Универзитет Нови Сад имаат задача да го пренесат нивното искуство во надзорот на вирусот Западен Нил кај комарците и негова контрола